Поврзете се со нас

Свет

Поповски и Цирих преку драма до реми против Кадетен Шафхаузен

Објавено

на

Македонскиот интернационалец Мартин Поповски и неговиот Цирих преку драма се изборија за реми против Кадетен Шафхаузен (33-33) во мечот од првата швајцарска лига.

Ова беше дуел во кој гостите се изборија за предност од два разлика по првиот дел (15-13) за да во вторите 30 минути домаќините бидат за нијанса подобри со тоа што имавме вистинска драма во последните 20 секунди. Прво Лука погоди за предност на Кадетен (33-32) по што возврати Слуијтерс на шест секунди до крајот за конечни 33-33.

Бен со 7 гола беше најдобар стрелец на натпреварот, нашето крило Поповски пак даде еден гол од еден обид.

Цирих со 17 бода е на второто место на табелата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни