Поврзете се со нас

Европски купови

Поповски и Цирих по голема драма до победа во Европската лига

Објавено

на

Мартин Поповски и неговиот тим Амичитија Цирих успеаа да ја минат првата пречка во квалификациите за Европската лига на ЕХФ.

Прволигашот од Швајцарија доживеа пораз од Горник Забрже од 27-19 во првата средба во Полска и малкумина веруваа дека реваншот ќе може да донесе резулат со кој Мартин и компанија ќе го продолжат настапот во ова натпреварување.

Меѓутоа токму ова се случи Цирих на домашен паркет победи со 32-23 и тоа со голот кој од пенал по сирената го постигна Гудмундсон за конечни во двомечот 51-50.

Поповски беше автор на три гола, најефикасен беше Блатлер со 7 погодоци.

Да посетиме во истата оваа фаза Еурофарм Пелистер 2 потклекна пред Алпла Хард.

Вториот тим на Пелистер повторно загуби од Алпла Хард и го заврши настапот во Европа

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни