Поврзете се со нас

Свет

Поповски и Цирих го решија и Берн

Објавено

на

Амичитија Цирих на нашиот интернационалец Мартин Поповски ја забележа третата победа во четвртиот првенствен меч во првата швајцарска лига.

Цирих дојде до прво славје на гостински терен и истото го оствари во дуелот со Берн (33-30). Првиот дел им припадна на Мартин и соиграчите со 16-13, предност која ја одбранија во вториот дел иако домаќинот направи пресрт и водеше, сепак последниот збор го имаше составот кој во претходната сезона го освои Купот на Швајцарија.

Голманот Бар имаше 12 одбрани, Храцховец и Слујтерс беа водечки на листата на стрелци со по 6 голови, додека нашиот Поповски реализираше еден од трите обиде на оваа средба.

Цирих во следното коло се соочува со Базел.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни