Поврзете се со нас

Свет

Поповски ефикасен, Цирих запиша уште една победа

Објавено

на

Foto: facebook.com/GCAmicitia

Мартин Поповски и неговите колеги од Амичитија Цирих се израдуваа на уште една победа во швајцарскиот шампионт, победа број четиринаесет која беше остварена на гостувањето кај Женава со резултат 31:30.

Цирих имаше одлично прво полувреме во кое постигна 20 гола и воедно се стекна со предност од шест гола, па продолжението беше полесно иако домаќиниот се обидуваше, притискаше, меѓутоа не се случи сензација со оглед на тоа што Женева е „фенерџија“ во шампионатот.

Македонскиот интернационалец Поповски одигра одново на ниво, беше меѓу најфикасните кај победникот со пет постигнати голови (втор стрелец).

Наредната средба за Мартин и другарите е сериозен предизвик, дерби против Винтертур на домашен терен.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни