Поврзете се со нас

Свет

Поповски еднаш промаши, Цирих дојде до нова победа

Објавено

на

Македонскиот репрезентативец, Мартин Поповски и неговиот клуб Амичитија Цирих ја забележаа втората победа во вториот сезонски натпревар во првата лига на Швајцарија.

Цирих запиша уште еден гостински триумф, односно откако го решија Базел пред нив падна Женева. Мартин и соиграчите славеа со 21-18, а како клучно се покажа првото полувреме кое го реализираа во своја полза со 13-10.

Стрелников со 6 гола беше прв стрелец кај домаќините, додека пак Полоз со 5 ја предводеше листата кај победникот.

Македонското крило Поповски го заврши натпреварот со три погодоци од четири обиди. Цирих во следното коло се соочува со Винтертур.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни