Поврзете се со нас

Олимписки игри

Попович: Знаете што значи сајонара? Така сега се чувствувам

Објавено

на

Селекцијата на Соединетите Американски Држави успеа да дојде до олимпиското злато во Токио и тоа откако во финалето славеше над Франција со 87-82.

Со ова Американците ја потврдија доминацијата на оваа сцена, но воедно и му помогнаа на Грег Попович да дојде до најголемиот успех како предводник на националниот тим. Тој со репрезентацијата доживеа неуспех на СП во Кина, се соочи и со доста проблеми на патот до овој резултат, меѓутоа на крајот се се заврши онака како што тој и неготе сорбаотноци посакуваа.

-Знаете што значи сајонара? Така се чувствувам сега. Со овие момци, секој натпревар е посебен и групата со која сум се специјални. Ама да бидам искрен, ова е најголемата одговорност што некогаш сум ја почувствувал, затоа што играте за толку многу луѓе кои гледаат и државата. Во сето ова се и другите земји и таа одговорност е голема. Така се чувствував секој ден неколку години. Сега се е лесно и едвај чекам да одам во хотелот и да наздравам, -рече Попович по освоено злато во Јапонија.

Грег стана четврти тренер кој има освоено НБА прстен и ОИ, пред него тоа го имаат направено Руди Томјановиќ, Лени Вилкинс и Чак Дејли.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни