Поврзете се со нас

НБА

Попович за враќањето на Џинобили во Сан Антонио: Сопругата веќе не можеше да го трпи дома!

Објавено

на

Ману Џинобили беше дел од ѕвезденото трио од кое дел беа и Тим Данкан и Тони Паркер, а сега како пензионирана НБА легенда, Аргентинецот се враќа во франшизата во која режираше една династија со своите славни соиграчи.

Џинобили во новата сезона ќе работи во Сан Антонио и одново речиси секој ден ќе се гледа со Грег Попович кој и натаму ги води „спарси“, па токму искусниот стручњак ја даде најурнебесната изјава за кам-бекот на Ману во Тексас.

Четирикратниот НБА шампион во наредниот период ќе работи како специјален советник за сите кошаркарски операции во Сан Антонио, поради што ќе има редовна комуникација со својот сакан пријател Грег.

– Никогаш не сум бил еден од оние кои ги откриваат приватните работи и приказните од соблекувалните, но сопругата на Ману веќе не можеше да го трпи дома. Итно бараше да го извадиме од дома. Нејзе ја сакаме повеќе од него и моравме да ја послушаме и да го викнеме кај нас, – со насмевка порача Попович и додал.

– Ќе има доста работи, ќе му помага на Брајан рајт во управувањето, мене во тренирањето и на играчите во развојот. Мислам дека ќе оди во Италија во наредните две недели за да ги следи странските кошаркари. Можно е и јас да одам со него. Ќе испроба повеќе работи и ќе види каде се чувствува најкомотно. Тој е Ману Џинобили, секој го сака крај себе и пресреќни сме што го имаме пак кај нас, – нагласи Грег.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни