Поврзете се со нас

НБА

Попович со жестоки критики за Трамп: Тој не е заинтересиран да ги обедини луѓето

Објавено

на

Тренерот на Сан Антонио Спарс, Грег Попович обично не сака многу да зборува во медиумите, но овој пат прифатил да зборува на најактуелната тема во САД, протестите поради насилната смрт на невооружениот Афроамериканецот Џорџ Флојд, за која е виновен припадник на полицијата.

Попович и досега не го криеше незадоволството од американскиот претседател Доналд Трамп, но сега испрати најостри зборови на сметка на најмоќниот функционер во Америка.

– Ова е неверојатно, ако Трамп има мозок, дури и да е 99 проценти циничен, ќе излезе во јавноста и ќе ги обедини луѓето. Но, тој не се грижи за обединување, дури ни во овие моменти, толку е очаен. Секогаш се работи за него, дали тој ќе има некаков бенефит, никогаш не го интересирало доброто за народот.

– Многу е јасно што треба да се направи, ни треба претседател кој ќе излезе и јавно ќе каже „животите на Афроамериканците ни се важни“. Тоа се само неколку зборови, но тој не може и не сака да го направи тоа, заинтересиран е само да и угоди на една група луѓе кои го поддржуваат.

– Овој проблем е повеќе од Трамп, треба промена на системот, но за жал тој не може да помогне бидејќи не е вистински лидер, – отворено критикувал Попович.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни