Поврзете се со нас

Свет

Попович со последната порака за Ивковиќ најдобро опиша каква кошаркарска големина беше Дуда (Фото)

Објавено

на

Душан Ивковиќ остави богато наследство за многу наредни поколенија и нови генерации кои ќе играат кошарка на овие простори, но кога за еден ценет стручњак пристигнуваат пораки и од најдалечните места на светот, станува јасно дека се работеше за нешто посебно.

Популарниот Дуда вчера почина на 77-годишна возраст во една од болниците во Белград и ја зави во црно српската јавност, но после сите емотивни пораки кои пристигнаа од Балканот, доцна во ноќта пристигна и една специјална од Америка.

Грег Попович со неколку реченици најдобро опиша каква кошаркарска големина беше неповторливиот Дуда, кој беше негов добар пријател и пример за кошаркарски маестро.

– Душан Ивковиќ беше икона во светската кошарка. Имаше карактер кој е поголем од животот, беше господар на оваа игра. Моето време минато со него, во Европа или во Америка, секогаш беше исполнето со моменти на воодушевување и впивање на знаење како од никој друг.

– Мое сочувство до Нена и семеството во овој тежок период, – гласи пораката на Попович, тренерот на Сан Антонио и селектор на американската кошаркарска репрезентација.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни