Поврзете се со нас

Олимписки игри

Попович по поразот од Франција: Изненадување? Не го разбирам тој збор

Објавено

на

Репрезентацијата на Соединетине Американски Држави со шокантен пораз од Франција го започна настапот на Летните Олимписки Игри во Токио.

Американците важеа за апсолутни фаворити на хартија, меѓутоа тоа не го потврдија на теренот или поточно „триколорите“ се бореа низ сите 40 минути и најдоа начин да дојдат до славје од 83:76.

Ова за САД беше прв пораз на ОИ по 2004 година, но селекторот Грег Попович не гледа на истиот како изненадување затоа што смета дека нивните противници постојано напредуваат и разликата е се помала и помала.

-Кога ќе загубите натпревар не сте изненадени, вие сте разочарани. Не го разбирам зборот „изненадување“. Тоа не е фер за Франција, како да требаше да ги победиме со 30 разлика. Франција е пеколна екипа. Имаа одличен стручен штаб, НБА играчи, други талентирани кошаркарки кои играат во Европа, заедно се долго време.

-Не би рекол дека е изненадување. Постојат многу одлични тимови низ целиот свет, составени од НБА играчи. Разликата меѓу Америка и остатокот од светот се намалува секоја година, -истакна Попович.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни