Попович со искрена и отворена порака се збогуваше со Паркер: Тој не импресионираше и инспирираше секој ден…

tony-parker-gregg-popovich

Францускиот ас, Тони Паркер по скоро две децении одлучи да си замине од Сан Антонио Спарс и да се пресели во нова средина во која ќе може да добие поголема минутажа и да понуди повеќе на тимот.

Неговиот избор е составот на Шарлот Хорнетс кој му понуди 10 милиони долари за следните две сезони. Оваа одлука Тони ја донел со тешко срце, а истата емотивно ја прифатил и тренерот Грег Попович кој потоа преку официјалната клупска страница објави една искрена порака.

-Тешко е со зборови да се објасни колку Тони Паркер беше важен за организацијата на Спарс во изминативе две децении. Од првиот ден во 2001 година кога имаше 19 години, Паркер не импресионираше и не инспирираше ден по ден, натпревар по натпревар, сезона по сезона со неговата страст, посветеност и желба. Ние сме му благодарни на Тони за 17 години на вистински прекрасни спомени. Покрај четирите шампионски титули,  шесте ол-стар настапи, за мене најголема радост беше што го гледав како расте пред нашите очи. На сите нас во организацијата на Спарс ќе ни фали Тони во програмата, му посакуваме на него и семејството се најдобро продолжувајќи ја извонредната кариера во Шарлот, -истакна Попович.

Facebook Коментари