Поврзете се со нас

НБА

Попович: Дончиќ изгледа како да изел неколку крофни повеќе, но…..

Објавено

на

Foto:twitter.com/dallasmavs

НБА лигата паузира за време на Бадник и влезот во католичкиот Божиќ и рано утрово немавме програма во најсилната кошаркаска лига во светот, а пред да дојде до краткиот одмор, партија за паметење имаше Лука Дончиќ.

Словенецот имаше кошаркарска рапсодија против Сан Антонио и го заврши мечот со 39 поени, 12 скокови и 10 асистенции, но наспроти статистиката, посебно воодушеви со бравурите и генијалните потези кои ги понуди на паркетот.

Дончиќ оваа сезона може сериозно да биде вмешна во дебатата за МВП во НБА лигата, а тоа го смета и Грег Попович кој на интересен начин ја опиша првата ѕвезда на Далас.

– Со Дончиќ е многу едноставно, што и да поставите пред него, тој има решение за секоја одбрана. Тој ја уништува секоја одбрана и покрај тоа што е малку потценет на физички план.

– Кога го гледател, изгледа како тип кој изел неколку крофни повеќе и многумина му забележуваат што не изгледа како атлета. Но, затоа интелигенцијата е нешто друго, кај него е на посебно ниво. Сепак, не е само интелигенцијата, неговиот инстинкт за играта е нешто посебно, секогаш носи вистински одлуки во прав момент, – изјави Попович.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни