Поврзете се со нас

АТП

Попирин со „бомби“ во финалето го потопи Рубљов и стави крај на австралиското чекање (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/OBNmontreal

Алексеи Попирин се вадеше од многу тешки ситуации во претходните рунди на Мастерсот во Монтреал и спасуваше меч топки против Григор Димитров, но на крајот тој е оној што се радува во Канада.

Попирин стана првиот Австралиец кој освои Мастерс турнир од серијата 1000 после 21 година, или првиот тенисер по Лејтон Хјуит кој последен триумфираше од оваа земја во 2003-та година.

Алексеи доминираше со својот разорен форхенд во финалето и буквално го потопи Андреј Рубљов, кој уште еднаш покажа дека не знае да се носи со емоциите во финалето.

Попирин беше подобар и поквалитетен тенисер рано утрово, а тоа го покажува и резултатот кој беше во корист на Австралиецот со 6:2 и 6:4.

За Алексеи ова е најголем успех во неговата кариера, бидејќи од утрово стана најнов освојувач на турнир од серијата 1000 на Мастерс турнирите.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни