Поврзете се со нас

АТП

Попирин откри што му се вртело во глава за време на мечот со Ѓоковиќ: Тоа ми беше дополнителна мотивација

Објавено

на

Foto:x.com/usopen

Алексеј Попирин ја оствари најголемата победа во својата кариера и го детронизираше Новак Ѓоковиќ на Ју-Ес Опен, откако рано утрово го совлада бранителот на титулата во Њујорк уште во третото коло.

Ноле играше далеку под својот просек и не изгледаше на тенисерот кој пред три недели освои олимписко злато, но сепак не смее ништо да му се одземе на Австралиецот, кој само потврди дека игра во животна форма во последно време.

Откако ја освои титулата на Мастерсот во Монтреал, Попирин доби шанса по трет пат да игра против Ѓоковиќ на еден грен слем турнир оваа година, бидејќи претходно губеше на Австралија Опен и на Вимблдон.

Попирин ја искористи третата прилика и успеа да слави со 3:1 по сетови, а по мечот самиот откри дека фактот што Новак му освоил сет дополнително го мотивирало да стигне до победа.

Србинот безброј пати во кариерата се враќал кога ќе освои сет при негатива од 2:0, но овојпат немаше сили за комплетен пресврт и мораше да се помири со најрана елиминација во својата кариера на Ју-Ес Опен.

– Секако дека ми беа во глава пресвртите на Ѓоковиќ. Тоа ми се вртеше во глава, безброј пати успевал да се врати….. Цело време чекав да го подигне нивото, во третиот сет си помислив дека тоа е тоа, но во тој сет и јас значително паднав. После тоа, си реков себеси дека не сакам да бидам уште еден во низата кои загубиле по предност од 2:0. Тоа ми беше дополнителна мотивација за победа.

– Имав и малку среќа, таа што ја намав во Австралија и на Вимблдон. Тогаш не ги користев шансите, сега ги искористив. Конечно ја пробив границата наречена четврта рунда и конечно ќе играм во оваа фаза на еден грен слем турнир. Неверојатно е што го направив тоа против најдобриот играч во историјата, – изјави Попирин.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни