Поврзете се со нас

Италија

Понуда која тешко се одбива: Буфон има „15 милиони“ причини да не заминува во пензија

Објавено

на

Foto:twitter.com/ParmaCalcio_en

Џанлуиџи Буфон со многу емоции го доживеа поразот на Парма во плејофот за влезе во Серија А и со солзи во очите се поздрави со навивачите на Парма, по што изјави дека не знае што ќе прави со кариерата и дали ќе биде фудбалски активен и наредната сезона.

Ветеранот кој има 45 години е под договор со Парма за уште една сезона, но изминатиов период е во сериозни дилеми дали да продолжува уште како активен голман, или конечно да стави крај на кариерата.

Според италијанските медиуми, дилемите за Џиџи станале уште поголеми во последните 48 часа, бидејќи легендарниот чувар на мрежата добил понуда која тешко се одбива на средина од петтата деценија во животот.

Вестите од Апенините велат дека Буфон добил понуда од клуб од Саудиска Арабија за двегодишна соработка, според кој би заработил 15 милиони евра по сезона.

Станува збор за понуда која никого не остава рамнодушен, а по која наместо две, Буфон сега има три опции: Останување во Парма, повлекување, или богато бегство во земјата која стана атрактивна за големи европски ѕвезди.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни