Помошникот на Тата Мартино за најлошото издание на Меси: Го прегрнав и почнав да плачам заедно со него

leo-sednat

Лионел Меси повторно реши да направи пауза од репрезентацијата откако доби нов тежок и незгоден удар на Светското пррвенство во Русија, а во ситуација кога сите во Аргентина очекуваат во најбрз можен рок да се врати на обврските кон националниот дрес, во јавноста крајно актуелна стана изјавата на помошникот на Тата Мартино.

Поранешниот тренер на Барселона беше селектор на Аргентина во периодот од 2014 до 2016 година, заклучно со тешко прифатливиот пораз од Чиле во големото финале на јубилејното издание на Копа Америка. „Гаучосите“ го загубија тој меч во пенал рулетот во кој Меси не го реализираше својот удар од 11 метри, а сега помошникот на Мартино открива дека Лео бил во навистина невидено издание по болниот пораз.

– Атмосферата во соблекувалната по поразот во финалето на Копа Америка беше многу болна, но најлошото дојде нешто подоцна. Во два часот по полноќ, отидов во собата за перење и го најдов Лео осамен, апсолутно сам. Плачеше како мало дете кое ја загубило својата мајка. Беше уништен, осамен без некој да го утеши. Тогаш јас му пријдов, го прегрнав и едно време двајцата плачевме заедно, – открива Елвио Паолоросо, кондицискиот тренер на Аргентина во периодот кога селектор беше Мартинез.

Facebook Коментари