Поврзете се со нас

Репрезентација

Помошникот на романскиот селектор: Македонија е опасен противник, импресиониран сум од Пандев

Објавено

на

Фото: FRF.RO

Македонската фудбалска репрезентација ќе ги отвори квалификациите на гостувањето во Букурешт, каде ќе и се спротивставиме на традиционално квалитетната Романија.

Двете селекции посакуваат позитивен старт на квалификациите за мундијалот во Катар, а првите изјава од романска страна најавуваат дека противникот е свесен за нашите квалитети и нема да ја потценат македонската репрезентација.

Романскиот селектор Мирел Радои имаше позитивен ковид тест, па за директната работа со фудбалерите овој период е задолжен неговиот прв асистент Николае Дика.

– Не верувам дека Македонците ќе дојдат во Романија без амбиции, затоа што нивните фудбалери се многу искусни и играат во квалитетни првенства низ Европа. Сигурно ќе биде тежок натпревар.

– Во ваква комплицирана ситуација мора да бидеме пообединети, помотивирани и да имаме подобра комуникација.

– Импресиониран сум од тоа како Горан Пандев еволуира на 37-годишна возраст, игра во Италија на високо ниво и е предводник на репрезентацијата. Тричковски беше многу важен фудбалер за нив, па се надевам дека ќе се почувствува неговото отсуство, – изјавил Дика.

– Нашите репрезентативци мора да сфатат дека првиот натпревар е најважен, ова е нов почеток, мора да влеземе 100 проценти подготвени и мотивирани и да обезбедиме победа, – рекол членот на стручниот штаб на романската репрезентација.

Натпреварот Романија-Македонија се игра на 25. март од 20:45 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни