Поврзете се со нас

Шпанија

Помошникот на Куман: Неверојатно е тоа што се слуша на теренот кога Меси ќе ја прими топката

Објавено

на

blank

Алфред Шрудер заработи отказ од Хофенхајм на крајот на минатата сезона, но многу брзо доби нова работа, откако доби неочекуван повик од својот сонародник, за кој вели дека не размислил ниту секунда да го прифати.

Холандскиот фудбалски стручњак сега работи како помошник на Роналд Куман во Барселона, а во интервјуто кое го направи за домашниот медиум „АД“, се обиде да објасни како ја прифатил понудата на Куман, која дошла непосредно по историскиот дебакл во Лигата на шампионите.

– Роналд го посети Хофенхајм како селектор на Холандија, а јас бев тренер. После тоа пристигна коронавирусот, а летото се сретнавме на одмор на Ибица. Ми порача дека можно е да му треба нов помошник во иднина. По болните 8:2, три дена подоцна заѕвони мојот телефон и Куман ме запраша? Сакаш ли да дојдеш со мене. Не се двоумев ниту секунда и веднаш прифатив.

За Шрудер ова е прво искуство во Шпанија и како играч и како тренер, па вели дека брзо сфатил како се одвиваат работите во Ла Лига на сметка на најдобриот играч во тимот на Барселона.

– Меси речиси на секој натпревар добива по пет или шест удари од противниците. Бидејќи сега се игра без публика, неверојатно е тоа што се слуша кога ќе ја прими топката. Се слуша буквално се. Кога топката ќе стигне до него слушате: Направи прекршок, удри го, сопни го…… Тоа не функционира и мора да го удрат повторно. Тоа секогаш би било црвен во Холандија, но тука во Шпанија е само жолт картон, – вели Шрудер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни