Поврзете се со нас

Англија

Помошникот на Клоп ги наброја трите квалитети на Алкантара поради кои Ливерпул сега ќе биде многу посилен

Објавено

на

Тијаго Алкантара дебитираше во Премиер лигата на дерби пресметката која Ливерпул ја доби против Челси, но покрај триумфот на гостите од 0:2, натпреварот на „Стемфорд Бриџ“ ќе се памети и по уникатниот рекорд на фантастичниот играч за врска.

Доскорашениот играч на Баерн Минхен постави рекорд по бројот на остварени пасови во едно полувреме во англискиот фудбал, со што само докажа дека ќе биде многу важно засилување за тимот на Јирген Клоп уште при својот прв настап во Премиер лигата.

Тијаго со своите креативни квалитети и својата визија веднаш дојде до израз, а сега помошникот на Клоп ги посочи трите сегменти поради кои Ливерпул ќе биде далеку понепредвидлив за противниците со Шпанецот во тимот.

– Тијаго сигурно ќе направи тимот да го направи следниот чекор. Тоа е она што ни е потребно. Тимовите околу нас станаа посилни, сега подбро не познаваат и ќе се обидат да го уништат нашиот фудбал со тоа што веќе го знаат.

– Важно е за тимот да остане непредвидлив, со него, ќе може последниот пас да биде понепредвидлив и може да ја забрзаме играта со кратки пасови. Непредвидливоста, забрзувањето на играта и квалитетот на последниот пас од секоја позиција е она што ни го носи Алкантара. Ние не купивме проблем, ние купивме солуција за проблемите кои можат да следат, – порачува Пеп Лијндерс.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни