Поврзете се со нас

Англија

Помошник тренерот во репрезентацијата на Египет откри дека Салах добил понуда од европски гигант

Објавено

на

Мохамед Салах дефинитивно е еден од најдобрите светски фудбалери во моментов, па не треба да изненади интересот за него од големите европски клубови.

Реал Мадрид беше еден од тимовите кои најчесто се поврзуваше со ангажман на Салах, а дека имало вистина во тоа потврди и помошникот селектор на Егимет, Хани Рамзи.

Тој сега го откри тоа што не беше досега  откриено, дека за Мохамед Салах имало официјална понуда од Реал Мадрид.

– Кога работев со Хектор Купер имавме тренинг во Швајцарија во март, 2018 година. Зборував со Салах, а тој ми кажа дека Реал Мадрид му пратил понуда. Понудата беше навистина примамлива, но Салах по разговорот со мене и со Купер одлучи да остане со Ливерпул затоа што таму се чувствуваше многу добро, -изјави Рамзи.

Истата година кога ја добил понудата од Реал, Салах со својот Ливерпул се пласираше во финалето од Лигата на шампионите и играше токму против „кралскиот клуб“, меѓутоа Шпанците тогаш се покажаа како подобри и ја освоија титулата.

Веќе следната сезона, Мо Салах се радуваше на титулата во Лигата на шампионите откако во финалето беше совладан тимот на Тотенхем.

Одредени медиуми шпекулираат дека интересот на Реал Мадрид за египетскиот фудбалер се уште постои, па не би не чудело доколку од клубот испратат нова понуда за одличниот крилен играч.

 

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни