Поврзете се со нас

Англија

Помошник на Тен Хаг го напушти Јунајтед и испиша историја во МЛС

Објавено

на

foto:twitter.com/ManUtd

Ерик тен Хаг има многу проблеми со повредени играчи, а наскоро ќе остане и без еден од своите најважни помошници.

Ерик Рамзи е тренерот кој решил да го напушти Манчестер Јунајтед и ќе стане нов главен тренер на МЛС тимот Минесота.

32-годишниот Велшанец ќе испише историја во американската лига бидејќи е најмлад тренер кој некогаш добил шанса да води член на ова натпреварување.

Рамзи пристигна во Јунајтед во периодот кога менаџер беше Оле Гунар Солскјер, а во кратката тренерска кариера работеше и во стручниот штаб на велшката репрезентација.

Досегашниот асистент на Тен Хаг ќе го напушти актуелниот клуб по градското дерби со Манчестер Сити, а веста е потврдена и од Јунајтед.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни