Помош од легендата за каталонците: Роналдињо посочи едно идеално засилување за Барселона

puyol-roni

Бразилскиот фудбалски волшебник, Роналдо Де Асис Мореира или попознат како Роналдињо има еден совет до неговиот поранешен клуб Барселона кога се во прашање засилувањата.

Имено популарниот Гаучо им даде потполна поддршка на каталонците за да го остварат посакуваниот план и да се обидат да дојдат до потписот на членот на премиерлигашот Ливерпул, Фелипе Кутињо кој според него е идеален играч и освежување за составот од „Камп Ноу“.

-Ќе бидам многу среќен да видам таков талентиран играч да го носи дресот кој го носев јас со години. Со неговиот начин на игра перфектно ќе и одговара на Барселона и ќе бидам воодушевен да видам играч со тој квалитет да го носи тој дрес. Ми се допаѓа начинот на игра на Кутињо и типот на фудбал кој го носи. Овој тип на квалитети се надевам ќе му помогне на Бразил да го освои СП, -порачал Роналдињо.

Facebook Коментари