Поврзете се со нас

Италија

Помладиот брат на Киеза ги воодушеви фудбалските фанови со потег од тренинг (Видео)

Објавено

на

Федерико Киеза беше еден од најзаслужните за големиот успех на Италија на Европското првенство, а за италијанските фанови неговата одлично започната кариера е продолжување на традицијата која ја започна неговиот татко Енрико.

Но, додека фудбалерот на Јувентус го користи заслужениот одмор, хит на социјалните мрежи барем за момент стана неговиот помлад брат Лоренцо.

Третиот член на семејството со голем фудбалски потенцијал допрва треба да се потврдува како Федерико, но со еден потег од тренинг ги воодушеви фановите, кои секој на свој начин побараа од своите клубови да се заинтересираат за Лоренцо.

17-годишниот фудбалер во моментов е член на Фиорентина, односно ги следи стапките на својот брат, кој токму од Фиренца се пресели во Торино.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни