Поврзете се со нас

Свет

Полуфиналето во Ирска понуди неверојатна сцена: Напаѓачот доби повик од природата, па ја шокираше јавноста (Видео)

Објавено

на

blank

Натпреварот од полуфиналето во ирскиот фудбалски куп меѓу Колераин и Балимена беше крајно неизвесен и беше решен дури по пенал рулетот, а бидејќи средбата навистина доста се продолжи и имаше судиски надополнувања од по 15 минути, фудбалските фанови видоа и една сцена која не е баш пријатна за гледање.

На крајот, пласман во големото финале обезбеди Балимена, тим кој беше подобар во пенал завршницата, но цела јавност на Островот всушност зборува за потегот на фудбалерот на Колераин, Оен Бредли.

Центарфорот на Колераин доби повик од природата во најнепосакувано време, па реши да искористи една од паузите за време на натпреварот за да се олесни пред камерите.

Бредли изрежира еден од најлудите тајм-аути некогаш видени во фудбалот, бидејќи тимскиот говор од страна на менаџерот се претвори во вистински циркус.

Напаѓачот уринираше на теренот, по што доби безброј критики на социјалните мрежи поради некултурата и бесчуствителноста која ја демонстрираше.

Реклама
Реклама
Реклама

Facebook

Популарни