Поврзете се со нас

АТП

Полуфиналето на Ролан Гарос прекинато поради бизарна причина: Демонстрантка се врза за мрежата (Фото)

Објавено

на

Второто полуфинале на Ролан Гарос донесе пресврт од Каспер Руд кој го загуби првиот сет, но во третиот при резултат 4:1, истото беше прекинато неколку минути.

Причината беше бизарна и експресно стана вистински хит во Франција, бидејќи една млада демонстрантка влета на теренот и се врза за мрежата.

Ова потсети на фудбалскиот фан на Евертон кој се врза за дирекот на „Гудисон парк“, но ако тој имаше порака за нафтата, девојката од Франција има многу поцрна прогноза.

– Ни преостануваат уште 1028 дена, – гласи пораката на демонстрантката која го прекина второто полуфинале на Френч Опен.

После неколкуминутно одолговлекување, безбедносните лица се справија со девојката и ја отстранија од централниот терен „Филип Шатрие“, по што без проблеми продолжи дуелот меѓу двајцата тенисери.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни