Поврзете се со нас

Европски првенства

Полуфинален предизвик за Начевски и Николов на ЕП

Објавено

на

Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги објави судиите кои ќе бидат активни во завршницата на 16. Европско првенство, листа на која сосема заслужено е македонската комбинација Славе Николов и Ѓорѓи Начевски.

Искусните Начевски и Николов добија задача да ја делат правдата на првата полуфинална пресметка меѓу Шведска и Франција.

Ова е дуел на актуелниот европски првак (Шведска) и селекцијата на Франција која го посакува тронот на стариот континент што би било идеално сценарио за нив пред ЛОИ кои годинава ќе се одржат во Париз.

Средбата се игра во „Ланксес Арена“ во Келн од 17:45 часот, а нашите судии ќе имаат задача се да мине во најдобар можен ред.

Второто полуфинале меѓу Германија и Данска (20:30 часот) ќе го судат Бојан Лах и Давид Сок од Словенија.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни