Поврзете се со нас

Европски првенства

Полски репрезентативец тврди дека нема да игра на ЕП поради сопствениот брат

Објавено

на

Полската кошаркарска репрезентација ќе биде дел од претстојното Европско првенство, а неочекувано атмосферата меѓу репрезентативците е нарушена поради конфликтот на браќата Понитка.

Марсел тврди дека неговиот брат и капитен на националниот тим, Матеуш Понитка побарал од селекторот да не го вклучува во составот, а овој решил да го послуша.

– Добив информација дека селекторот нема проблем со моето вклучување во националниот тим, но затоа Матеуш не ме прифаќа во составот и не сака да бидеме заедно во репрезентацијата.

– Матеуш ме дискредитира каде стигне поради конфликтот кој го имаме, ако има проблем со мене, треба да го решиме како мажи во четири очи, – изјавил Марсел Понитка.

Полска на Евробаскетот е во група со Србија, Холандија, Финска, Израел и Чешка.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни