Полски одбојкар шокиран откако му бил уништен луксузниот автомобил во Монца

kurek1

Одбојкарските ѕвезди не можат да се пофалат со популарност како на колегите кои професионално се занимаваат со фудбал или некој друг попопуларен спорт, но и тоа не доволно да бидат сигурни дека нема да бидат мета на некаков напад.

Тоа најдобро го знае полскиот репрезентативец Бартош Курек, кој бил непријатно изненаден во италијанска Монца, градот каде живее и сезонава настапува за локалниот клуб, а каде непознати лица буквално го уништиле неговиот луксузен Ауди Ку-7.

Партнерката на Курек објавила фотографии на кои се гледа дека автомобилот е сериозно оштетен поради украдени делови од надворешноста, а уште полошо поминал во внатрешноста.

kurek

Facebook Коментари