Поврзете се со нас

Македонија

Полски „џин“ потпиша за Еурофарм Пелистер

Објавено

на

foto:www.facebook.com/mateuszpiechowskiofficial

Бранителот на титулата во најсилниот домашен ракометен шампионат, Еурофарм Пелистер ангажираше уште едно засилување пред почетокот на плејофот и тоа играч на позицијата кружен напаѓач.

Нов член на клубот од Битола е полскиот интернационалец, Матеуж Пиеховски, играч кој во досегашната кариера освен во својата татковина има настапувано во Шпанија, Русија, Германија и Турција. Тој е висок 210 сантиметри и низ досегашното „патување“ има играно во сите натпреварувања на ЕХФ.

Пелистер со него потпиша договор на една и пол година, а во новата средина официјално ќе биде преставен наредната седмица.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни