Поврзете се со нас

Лига на нации

Полска без најголемата ѕвезда на средбите од Лигата на нации

Објавено

на

Полската фудбалска репрезентација следниот месец има обврски во Лигата на нации, но ќе биде ослабена поради неиграњето на својот најдобар фудбалер.

Роберт Левандовски добил поштеда од полскиот селектор, откако во неделата играше во финалето на Лигата на шампионите и го освои европскиот клупски трофеј со Баерн Минхен.

Јержи Бржечек денеска потврдил дека Левандовски ќе добие заслужен одмор и Полска ќе мора да оди на позитивни резултати без негова помош.

– На Левандовски му претстои нов тежок период, кој ќе заврши со Европското првенство следното лето. Роберт е наш најдобар фудбалер, но сега ќе мора да се снајдеме без него, – изјавил селекторот.

Полска за противници ги има селекциите на Холандија и Босна и Херцеговина.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни