Поврзете се со нас

Формула 1

Половина минута како вечност: 32 секунди во кои Грожан беше „проголтан“ од оганот (Видео)

Објавено

на

blank

Инцидентот на Ромен Грожан на Формула 1 трката во Бахреин предизвика шок кај спортската јавност, пред се поради оштетувањата кои ги имаше болидот, но и пожарот кој се појави по ударот.

Епилогот со среќен крај во кој Грожан се извлече со минимални последици ќе донесе дополнителна истрага од ФИА, а возачот на Хас веднаш е однесен на дополнителни прегледи.

Видеото од инцидентот покажува дека Грожан долги 32 секунди беше во средината на огнената стихија, пред маршалите и лекарскиот тим да го извлечат Французинот од ризичната позиција.

Периодот во кој шокираните фанови на Ф1 стравуваа за животот на Грожан за среќа заврши со слики кои потврдија дека Грожан ќе помине без потешки повреди.

Реклама
Реклама
Реклама

Facebook

Популарни