Поврзете се со нас

Англија

Полноќна „бомба“ од Англија: Ретклиф донесе конечна одлука за Тен Хаг! (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManUtd

Ерик Тен Хаг успеа да ја спаси лошата сезона со освоен трофеј во ФА Купот, а какошто стојат работите, со тоа и си ја спаси работата на „Олд Трафорд“.

Иако експертите најавуваа дека ќе заработи отказ од Сер Џим Ретклиф без оглед на исходот од финалето на „Вембли“, првиот човек на клубот сепак се решил за друга стратегија, односно му изгласал доверба на менаџерот заедно со останатите членови од Бордот на директори.

Новиот косопственик на Јунајтед предложил пред соработниците да му се даде уште една шанса на холандскиот стручњак, особено поради фактот што Тен Хаг навистина немаше среќа оваа сезона кога се повредените фудбалери во прашање.

Како што јавуваат „Атлетик“ и „Скај Спортс“, не само што ќе добие шанса, планот е да се отпочнат преговори и за нов договор, што јасно укажува на тоа дека Ретклиф го гледа Тен Хаг како решение на долг план.

Оваа ексклузивна вест експресно стана топ тема во англиската спортска јавност, а полноќната „бомба“ сигурно ќе биде предмет за големата дебата во текот на наредните 24 часа.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни