Поврзете се со нас

Боречки спортови

Полјаците го уапсиле Ушик, Украинците реагираа жестоко за односот кон боксерската ѕвезда (Видео)

Објавено

на

Актуелниот светски боксерски шампион во тешка категорија, Олександр Ушик, бил задржан во притвор од полската полиција, а ваквиот потег донесе и жестока реакција од политичките лидери на неговата татковина, Украина.

Ушик бил привремено уапсен од полските власти на аеродромот во Краков, но набргу бил ослободен, иако и тоа не ги поштеди Полјаците од критики од страна на украински високи претставници.

– Побеснев поради третманот кон нашиот државјанин и шампион. Тој е приведен, но веќе и пуштен, нема да дозволиме да се повтори вакво нешто, – реагирал украинскиот претседател Володомир Зеленски на социјалните мрежи.

Самиот Ушик бил смирен и со својата изјава по ослободувањето се обидел да ги смири страстите.

– Пријатели, се е во ред. Дојде до недоразбирање кое е решено, им благодарам на сите кои беа загрижени. Почитување кон полските безбедносни сили кои си ја вршат својата работа без разлика на височината, тежината, должината на раката и освоените трофеи, – напишал Ушик на Инстаграм.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни