Поврзете се со нас

Балкан

Политичките игри си го направија своето: Вучиќ лично му ја соопштил одлуката на Пикси

Објавено

на

Foto:x.com/FSSrbije

Драган Стојковиќ останува селектор на Србија и после разочарувањето на Европското првенство, откако на легендарнит Пикси му била изгласана доверба од водечките луѓе во ФСС, но и од претседателот на земјата, Александар Вучиќ.

Иако фудбалот треба да биде целосно изолиран од политиката, најважниот човек во Србија вчера имал состанок со Пикси, по кој било заклучено дека тој и натаму останува вистински човек за националниот тим.

Сите угледни српски медиуми ова попладне пренесоа дека Извршниот одобор на ФСС утре и официјално ќе ја потврди оваа одлука, а тоа ќе го направи на закажаната Седница на која ќе присуствуваат и дел од новинарите.

Според ова, двегодишниот договор кој го потпиша Пикси пред Европското првенство останува на сила, па тој ќе ја води репрезентацијата и во Лигата на нации, но и на мундијалот во 2026-та година доколку Србија обезбеди пласман.

Како што јавува „Спорт клуб“, клучно за останувањето на Пикси се политичките игри кои се уште имаат важна улога во српскиот фудбал, па сега единтвена непозната е дали останувањето на Стојковиќ ќе донесе некоја промена во раководната структура на ФСС.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни