Поврзете се со нас

Италија

Политано по гол шоуто на Наполи: Потребен ни беше ваков натпревар…

Објавено

на

Наполи го прегази Сасуоло со 6-1 во денешната пресметка во Серија А и со тоа најави подобри денови за актуелниот италијански шампион.

Гол шоу на шампионот: Наполи го уништи очајниот Сасуоло (ВИДЕО)

Наполитанците блескаа, постојано го притискаа противникот и дојдоа до триумф кој според Матео Политано може да биде од огромно значање за продолжението од сезоната.

-Знаевме дека е фундаментално, ни фалеше ваква победа и мислам дека денеска докажавме дека сме силен тим. Штета што загубивме толку многу бодови, но ако ова е пристапот, сигурен сум дека бидеме добри во следните натпревари.

-Ни требаше ваков натпревар, бидејќи е важен во однос на менталитетот и самодовербата, неодамна изгубивме дел од нашата самодоверба. Излеговме на теренот мирни и знаејќи ги нашите можности. Ова е тешка сезона, трет тренер во кампањата, но многумина од нас го познаваа веќе додека работеше со Сари, а потоа и со Спалети. Од првиот ден ни го покажа својот стил на фудбал, дури и ако немавме многу тренинзи. Виктор и Квара се одлични играчи, очигледно се е полесно кога имаш ваков Осимен, -порача Политано.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни