Поврзете се со нас

Италија

Политано: Неуспехот со Наполи боли повеќе од „отказот“ од репрезентацијата

Објавено

на

Матео Политано за краток временски период доживеа два удари и тоа на клупски, а потоа и на репрезентативен план.

Имено прво со Наполи не успеа да се пласира во Лигата на шампионите и тоа откако се посрамоти на домашен терен против Верона со што им овозможи на ривалите да го минат на табелата за да потоа Политано доживее нов шок и биде избришан од селекторот Роберто Манчини за настапот на Европското првенство, турнир на кој Италијанците ја освоија титулата победувајќи ја Англија на „Вембли“.

Токму Матео имаше можност да одговори што повеќе го голи, а тој го избра неупехот со Наполи.

-Повеќе за Наполи затоа што навистина дадовме сè што имавме. Лош натпревар може да се случи, има многу големи клубови кои испуштија бодови против помалите тимови минатата сезона и за жал така се случи, но сигурен сум дека ќе го надоместиме во иднина, -порача соиграчот на нашиот Елиф Елмас.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни