Поврзете се со нас

Европски првенства

Политано експресно испрати коментар за поразот, реакцијата стана вирална меѓу италијанските фанови

Објавено

на

Поразот на Италија од Швајцарија донесе многу реакции на „чизмата“, каде фановите очекувано не се задоволни од настапот на актуелниот европски шампион на целото првенство и посебно на стартот на нокаут фазата.

Селекторот Лучијано Спалети се обиде да ги посочи главните проблеми во националниот тим, преземајќи одговорност за неуспехот во Германија, а по вчерашниот пораз доби и „поздрав“ од еден од повремените репрезентативци кои не беа повикани за настап на ова натпреварување.

Матео Политано соработуваше со Спалети во Наполи, но беше прекуброен за повик во италијанската репрезентација на овој турнир, а неговата реакција по елиминацијата експресно стана вирална меѓу фудбалските фанови.

Политано реагираше на поразот со специфично емоџи, па очекувано се претвори во во актуелна тема кај фановите и во медиумите.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни