Полициска акција пред домот на Озил причина зошто тој и Колашинац не се во составот на Арсенал

kolasinac-ozil

Месут Озил и Сеад Колашинац нема да бидат во составот на Арсенал за дуелот против Њукасл, а денеска стана јасно која е причината што менаџерот Унај Емери нема да смета на двајцата првотимци.

Медиумите на островот вечерва објавија дека во четвртокот вечерта, полицијата уапсила две лица пред домот на Месут Озил, а очигледно е дека истрагата потврдила оти присуството на уапсените има врска со инцидентот во кој Озил и Колашинац очигледно се замерија со дел од лондонското подземје.

Озил беше нападнат од двајца непознати ограбувачи, а беше спасен од Колашинац, но сега фудбалерите на Арселан имаат дополнително обезбедување, а апсењето ги натера одговорните во клубот да ги изостават од составот за првото премиерлигашко коло поради безбедносни причини.

Полицијата објави дека уапсените се 27-годишните Ферхат Ерџан и Саламан Екинчи, а двајцата наскоро ќе се јават пред Судот за да одговараат за обвинението.

Facebook Коментари