Шпанија
Полицијата во Шпанија истражува натпревар од последното коло од Ла Лига од минатата сезона: Клубовите веднаш се огласија
Шпанските медиуми пренесоа дека полицијата во оваа земја детално го истражува натпреварот од последното коло од Ла Лига од минатата сезона меѓу Хетафе и Вилјареал.
Хетафе беше во борба за Лигата на шампионите и им требаше победа над Вилјареал, но откако Валенсија претходно славеше против Валјадолид, овој натпревар немаше резултатско значење.
Така, натпреварот меѓу Хетафе и Вилјареал заврши без победник 2:2, а многумиан веднаш се посомневаа дека истиот не е регуларен.
Од двата клуба вендаш се огласија со соопштенија со кои ги демантираа наводите дека натпреварот е наместе.
– Вилјареал сака да искаже апсолутно одбивање на обвиненијата кои денес се изнесени и категорично ја демантираме вмешаноста на било кој начин во местење на натпреварот против Хетафе на последниот ден од минатата сезона, -стои меѓу другото во соопштението лиферувано од страна на „жолтата подморница“.
Бргу потоа со соопштение се јавија и од Хетафе, од каде исто така ги демантираа ваквите најави.
Јавноста беше разбранувана по објавата на шпанскиот весник „Ел Паис“ во кој е наведено дека спортниот натпревар е под истрага во рамките на „Операцијата Оикос“ кое подолго време ја дрма шпанската фудбалска јавност.
Минатиот месец шпанската полиција уапси двајца поранешни играчи на Реал Бетис, како и луѓе од управата на Осасуна кои добија казни затвор.
-
Балканпред 14 часа
Ден за историја: Регионалните гиганти Партизан и Хајдук објавија рекордни бројки
-
Шпанијапред 4 часа
Контроверзен момент и многу тензија во Памплона: Осасуна израмни против Атлетико, судијата ги разбесни домаќините (Видео)
-
Шпанијапред 5 часа
„Синдромот Гати“ се префрли и во Шпанија: Играч на Алавес си даде автогол од 30 метри, противниците го тешеа (Видео)
-
Шпанијапред 23 часа
Анти-фудбалот донесе неверојатна тензија во Билбао, Ињаки влезе во жесток клинч со противничкиот тренер (Видео)
-
Шпанијапред 18 часа
Тебас смета дека Барселона заслужува да и бидат одземени бодови ако е виновна во случајот „Негреира“
-
Италијапред 5 часа
Мурињо по најлошиот старт во неговата тренерска кариера: Ни недостасува играчот кој лани направи многу грешки
-
Англијапред 15 часа
Макелеле се збогуваше со фановите на Челси: Време е за нов предизвик
-
Италијапред 17 часа
Наполи објави соопштение за случајот „Осимен“, но не му се извини на голгетерот