Поврзете се со нас

Велосипедизам

Полицијата трага по виновникот за големиот инцидент на првата етапа на Тур де Франс

Објавено

на

Француската полиција најави дека трага по несовесната навивачка која предизвика голем инцидент на првата етапа на велосипедската трка Тур де Франс.

Полицијата објави фотографија од телевизискиот пренос на трката, обидувајќи се да ја идентификува личноста која со своето однесување придонесе да има неколку повредени велосипедисти, но и други фанови кои биле покрај патеката.

Неименуваната дама позирала пред тв камерата со желба да испрати порака, воопшто не следејќи што се случува зад нејзиниот грб, по што еден велосипедист удри во неа, а по неговиот пад следуваше вистински хаос на патеката.

Најдобрата вест е што нема посериозни повреди, но полицијата инсистира дека мора да има казна за причинителот на инцидентот, за да не се охрабруваат други фанови да постапуваат слично во иднина.

Главниот виновник побегнал од местото веднаш штом се случил хаосот, а лекарските екипи утврдиле дури 21 повреда.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни