Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Полицијата ја укина забраната за носење дрес на ПСЖ во градот Марсеј

Објавено

на

Големото ривалство меѓу ПСЖ и Олимпик Марсеј донесе неколку сериозни инциденти во кои настрадаа фанови на парискиот клуб за време на полуфиналето со РБ Лајпциг.

Дел од оние фанови кои таа вечер решиле да носат дрес на ПСЖ низ Марсеј биле физички нападнати, а полицијата реагираше со забрана да се носат дресови во текот на утрешниот ден кога се игра финалето на Лигата на шампионите.

Но, многуте реакции и притисокот си го направија своето, па француската полиција денеска соопшти дека забраната нема да важи и движењето со дрес на ПСЖ низ Марсеј нема да биде забрането.

– Целта беше да ги заштитиме фановите на ПСЖ, а не да го ограничиме правото на движење. Но, поради реакциите ќе ја повлечеме забраната, – изјавиле од полицијата.

ПСЖ го игра натпреварот со Баерн Минхен утре од 21 часот, а со евентуална победа ќе стане само втор француски тим кој станал европски првак. Првиот е токму Олимпик Марсеј кој триумфираше во 1993 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни