Поврзете се со нас

Европски првенства

Полицијата истражува бизарен инцидент во кој хрватски фан бил гризнат и останал без подарениот дрес (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/HNS_CFF

Европското првенство во Германија очекувано донесе и одредени безбедносни проблеми и инциденти на и околу стадионите, а германската полиција потврдила дека истражува бизарен инцидент кој се случил по вчерашното соочување на Хрватска и Италија.

Хрватскиот фан Ленард Баришиќ настрадал на трибините откако го добил дресот на хрватскиот репрезентативец Лука Иванушец, а не само што останал без делот од опремата со посебна емотивна важност, туку заработил и повреда на раката.

Баришиќ бил истуркан од неколку лица кои му го собрале дресот, а во целата мешаница, непозната жена го гризнала силно во пределот на рамото.

Додека полицијата се обидува да ги лоцира напаѓачите и жената која му оставила белег на рамото, Баришиќ може да биде задоволен што хрватскиот репрезентативец му ветил нов дрес на својот сонародник.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Love Croatia (@volimhrvatsku)

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни