Полицијата го барала каталонскиот лидер во авионот на Гвардиола

pep

Шпанската полиција направила рација во приватниот авион на Пеп Гвардиола и го шокирала семејството на актуелниот менаџер на Манчестер Сити, открива „Радио Каталонија“.

Причина за вонредната проверка на авионот на аеродромот „Ел Прат“ била потрагата по каталонскиот лидер Карлес Пуџдемонт, а се случила кога семејството на фудбалскиот тренер сакало да се врати во Манчестер од кратката посета на својот роден град Барселона.

Пуџдемонт ја напушти Шпанија по референдумот за независност на Каталонија и шпанските власти се обидуваат да го обезбедат на обвинителството, а според каталонското радио, на полицијата не и било првпат да проверува приватни авиони барајќи го каталонскиот политичар. Пеп Гвардиола јавно ја поддржуваше каталонската независност и критикуваше поради начинот на кој се однесуваше полицијата за време на референдумот, па веројатно и тоа е повод за сомнежите кои не биле потврдени.

Facebook Коментари