Поврзете се со нас

Македонија

Полетните деца на Лазаров повторно беа ефикасни: Алкалоид им се врати на победите во Суперлигата

Објавено

на

РК Алкалоид продолжи со импресивните натперевари во Суперлигата и со ултра ефикасните пресметки во елитата, пристап кој направи четата на Кирил Лазаров да се врати на победничките патеки.

По поразот од Вардар во претходната рунда, Алкалоид одново ја почувствува сласта на победата на домашен терен и го запиша четвртиот триумф во петтото коло, откако без проблеми се справи со Струга.

Младите играчи на македонскиот селектор Лазаров одново не мислеа многу на одбрана и одиграа ефикасен меч со вкупно 65 погодоци, од кои 36 беа постинати во мрежата на гостите.

Алкалоид победи со 36:29 и заслужено славеше во пресметката која постојано ја контролираше и диктираше, а во која Серафимов беше најефикасен со девет гола.

Кофиловски постигна пет, Симоновски и Стојков постигнаа по четири, додека кај Струга најрасположен за игра беше Цветаноски со осум погодоци. На вториот меч во македонската Суперлига, Еурофарм Пелистер 2 беше подобар од Скопје 2020 со 28:19.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни