Поврзете се со нас

Формула 1

Пол-позицијата за Расел, Ферстапен извозе побрз круг од Норис во квалификациите во Лас Вегас

Објавено

на

foto: x.com/F1

Џорџ Расел од тимот на Мерцедес ќе стартува од најдобрата позиција на утрешната Формула 1 трка во Лас Вегас, а до пол-позицијата стигна со минимална предност во однос на Карлос Саинц од Ферари.

Британецот ги потврди добрите перформанси на Мерцедес на патеката во САД, обезбедувајќи прва пол-позиција за неговиот тим од јули.

Пјер Гасли изненадувачки го освои третото место во квалификациите и ќе стартува од вториот ред и тоа заедно со Шарл Леклер од Ферари.

Макс Ферстапен е на петтата позиција, но пред Ландо Норис кој ќе стартува како шести, a до десеттото место се најдоа Цунода, Пјастри, Хулкенберг и Хамилтон.

Утрешната трка може да донесе и потврда за нова титула на Ферстапен, а за да спречи такво нешто, Норис мора да обезбеди подобар пласман од ривалот од редовите на Ред Бул.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни