Поврзете се со нас

Формула 1

Пол позиција за Норис на Монца, Ферстапен и Ред Бул во деликатна ситуација

Објавено

на

Foto:x.com/F1

На стартот на сезоната никој не можеше да предвиди дека Макс Ферстапен и Ред Бул ќе добијат сериозна конкуренција во текот на годината, но како што се ближи клучниот дел од возбудувањата, се повеќе може да се заклучи дека Мекларен е тимот кој во моментов е најдобар во Формула 1.

Ландо Норис и Оскар Пјастри го потврдија тоа и ова попладне во квалификациите на трката за Големата награда на Италија, на која утре Норис ќе има огромна шанса да направи посериозен рез и да ја намали позитивата на Макс Ферстапен.

Причина за тоа е катастрофалната сабота за светскиот шампион и неговиот тим Ред Бул, бидејќи покрај Норис и Пјастри, побрзи од него беа уште четири возачи.

Ферстапен со крајни напори се избори само за седмо стартно место утре на Монца, па тоа во ваков распоред на силите ќе биде сериозен дефицит на трката.

Покрај двоецот на Мекларен кој ќе стартува прв, Ферстапен е и зад Расел, Леклер, Саинц и Хамилтон, па може слободно да се каже дека ќе има пеколно тешка задача да се избори и за подиум.

Зад него денеска заврши Чеко Перез, што доволно говори дека Ред Бул е во сериозни проблеми и во се поделикатна ситуација.

Ако продолжи овој тренд, Ред Бул повеќе од сигурно ќе ја загуби конструкторската титула, а веќе во прашање се доведува и титулата на Ферстапен која изгледаше прилично сигурна пред неколку трки.

 

 

Реклама
Реклама

Италија

Италијапред 6 часа

Тардели: Пораз од Интер ќе биде фатален за Фонсека

Милан не ја започна новата сезона на посакуван начин, па тренерот Пауло Фонсека е под голем притисок уште по првите...

Италијапред 7 часа

Лаутаро за новата сезона на Интер: Поголемите амбиции се императив

Лаутаро Мартинез им се враќа на клупските обврски во Интер, а во интервју за „Газета дело Спорт“ зборувал отворено за...

Италијапред 19 часа

Ова ретко се гледа: Де Лаурентис пролеа солзи при говорот за Наполи, новинарите му дадоа аплауз (Видео)

Аурелио Де Лаурентис пред два дена прослави 20-годишнина од денот кога првпат го презема Наполи, клуб кој под негово водство...

Италијапред 1 ден

Капело прозва една ѕвезда по хаотичниот период во Милан: Време е да стане маж и да стави крај на детските каприци

Милан тргна многу лошо во ерата на Пауло Фонсека и се уште нема освоено бод во Серија А, но далеку...

Италијапред 1 ден

Бобан: Ибрахимовиќ направи колосална грешка…

Златан Ибрахимовиќ доби нова улога во калчолигашот Милан, улога во која имаше доста влијание во трансфер операциите на клубот, потези...

Реклама

Популарни