Формула 1
Пол позиција за Норис, катастрофа за Ферари во квалификациите за трката во Сингапур
Ландо Норис извозе најбрз круг во квалификациите за Формула 1 трката во Сингапур и утре ќе стартува од пол позицијата која досега не му носеше среќа во однос на конечниот пласман.
Пилотот на Мекларен стигна до шестата пол позиција во кариерата, но досега не се снаоѓаше најдобро на стартовите, серија која утре ќе се обиде да ја прекине во уште еден дуел со Макс Ферстапен.
Актуелниот светски шампион ќе стартува втор, односно од првиот ред и веднаш зад Норис, додека вториот ред го пополнија возачите на Мерцедес, Луис Хамилтон и Џорџ Расел.
Последната квалификациска сесија донесе големо разочарување за Ферари, откако најпрвин Саинц заврши во оградата и предизвика прекин со црвено знаме, а подоцна на Леклер му беше избришано времето, па двоецот на Скудерија ќе стартува од деветтата и десеттата позиција.
Меѓу Расел и црвените болиди се најдоа Пјастри, Хулкенберг, Алонсо и Цунода.
-
Македонија22 часа
Легендарниот Таско ја избра „идеалната“ македонска репрезентација
-
Англија22 часа
Менаџерот кој прв го наследи Фергусон: Тен Хаг врши брилијантна работа!
-
Шпанија16 часа
Џентлменски потег: Реал Мадрид со голема почит го испрати Иниеста во пензија
-
Шпанија23 часа
Гути за виралната сцена меѓу Мбапе и Луис Енрике: Не знам како дозволи вакво нешто….. (Видео)
-
Шпанија15 часа
Гути: Нешто не функционира во овој Реал Мадрид
-
Англија24 часа
Руни го стави Белингам во втор план во изборот за најдобар англиски играч: За мене нема дилеми
-
Македонија18 часа
ФК Вардар доби унгарски сопственик
-
Германија14 часа
Баерн подготвува „понуда која не се одбива“ за Мусиала