Поврзете се со нас

НБА

Пол: Ни фали играта, сакаме да се вратиме…

Објавено

на

Ѕвездата на Оклахома Сити Тандер, Крис Пол кој воедно е прв човек на асоцијацијата на играчи во НБА лигата јасно порача дека тие сакаат да се вратат на терените и да ја завршат оваа сезона кога ќе има услови за тоа.

НБА лигата е во прекин од месец март поради коронавирусот и се уште се чека да се создадат услови, да се даде зелено светло за да се врати топката во арените.

-Треба да се направат многу напорни разговори, многу тешки одлуки. Ама со тимот околу нас, мислам дека на крајот ќе стигнеме до таму каде што сакаме. Очигледно сакаме да играме. О, човеку навистина сакаме да играме. Ептен сакамме да играме. И мислам дека тоа е консензус за момците околу лигата. Ние сакаме да биде, што е можно побезбедно. Но, најголемата работа е што ни фали играта, -вели Пол кој посочува дека во моментов ги нема, не ги знае сите одговорите на сите прашања.

-Јас ги немам одговорите. Ги немам сите одговори. Но, знам дека луѓето работат неуморно, обидувајќи се да сфатат, -дополни искусниот плејмејкер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни