Поврзете се со нас

НБА

Пол исклучен на бизарен начин, Голден Стејт повторно ги разочара своите фанови (Видео)

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/warriors

Голден Стејт доживеа нов пораз на домашен терен, губејќи го натпреварот со Индијана најмногу поради катастрофалното издание во третиот период од дуелот кој заврши со резултат 111:123.

Во завршницата, односно во последните секунди искусниот Крис Пол набрзина ја заработи и втората техничка грешка, па беше испратен во соблекувалната непосредно пред официјалниот крај на средбата.

Подоцна, Пол им открил на новинарите дека прво на судијата Том Брадерс му рекол дека е „тиктокер“, а потоа и дека има премногу моќ, што била причината за втората техничка грешка, која автоматски му донесе исклучување.

Стеф Кари постигнал 25 поени кај поразената екипа, додека најефикасен во редовите на Индијана бил Халибартон со 26 поени.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни