И покрај страшната повреда, три клуба му нудат целосен договор на Дурент за следната сезона

durent

Кевин Дурент заработи тешка повреда на ахиловата тетива, само 11 минути по неговото враќање на терените во петтиот финален натпревар од НБА Лигата против Торонто Репторс.

Одличниот кошаркар беше опериран и вчера испрати фотографија од болничкиот кревет со која ги извести фановите дека операцијата поминала успешно.

30 годишниот Дурент по крајот на оваа сезона ќе си замине од Оукленд, тоа беше познато и пред неговата повреда, но сега откако заработи повреда тимовите заинтересирани за него значително се намалија.

Во најдобра можна прилика, Дурент би се вратил на паркетот во февруари 2020 година, веднаш по одигрувањето на НБА Ол Стар викендот. Тоа не е пречка за Њујорк Никс, Лос Анџелес Лејкерс и Лос Анџелес Клиперс да му понудат целосен договор кој ќе започне од почетокот на следната сезона.

Facebook Коментари